Дома Македонски спорт 50 години од првиот “Златен гонг”: Македонија ќе ја претставуваат четворица боксери

50 години од првиот “Златен гонг”: Македонија ќе ја претставуваат четворица боксери

Oд 7-ми до 9-ти ноември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи манифестацијата „Златен Гонг”

-Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става “Златен гонг” на позиција на македонски спортски бренд, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на прес конференција во АМС.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата држава: Вели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.

На прес конференцијата свое излагање имаше и секретарот на боксерската федерација Бранко Илиевски, како и селекторот на македонската боречка репрезентација Хесус Сојет.

Манифестацијата ќе се одржи од 07-09 ноември во Спортскиот центар “Борис Трајковски”, со учество на 8 држави.

Нашата репрезентација ќе настапи со четири боксери

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…