Португалскиот фудбалер Бернардо Силва се најде на жесток удар на англиската јавност поради коментарот на сметка на својот соиграч Бенџамин Менди.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Силва го обвинија на расна основа бидејќи сметаат дека го навредил својот соиграч од Манчестер Сити, иако очигледно е дека станува збор за шега
Португалецот објави фотографија за која многумина сметаат дека е расистички упатена кон Менди.

Сега и Фудбалската асоцијација на Англија отвори истрага против Бернардо Силва за расистички навреди.
ФА очигледно не гледа дека станува збор за шега, па доколку биде прогласен за виновен, Португалецот може да добие до шест меча суспензија.