Дома Македонски спорт Репрезентацијата на Македонија во футсал напушти терен против БиХ, па се врати да доигра (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија во футсал напушти терен против БиХ, па се врати да доигра (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија во Футсал денес претрпе пораз од Босна и Херцеговина со 9:5.

Стануваше збор за пријателски натпревар, но Босанците не се однесуваа така. Противникот играше грубо и правеше чести стартови, имаше и расправии помеѓу фудбалерите. Поради тоа нашите репрезентативци го напуштија теренот.

Сепак, на крајот се вратија и го доиграа натпреварот. Головите за нашата селекција ги постигнаа Седат Зибери (два), Талант Исмаили, Драган Петровиќ и Исмет Чека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…