Дома Фудбал Англија Јунајтед започнува преговори со Погба, му нуди богат договор

Јунајтед започнува преговори со Погба, му нуди богат договор

Пол Погба цело лето беше главна тема во преодниот рок, многу се шпекулираше, но Французинот сепак остана на „Олд Трафорд“.

Сега медиумите на Островот најавуваат дека челниците на Манчестер Јунајетд наскоро ќе седнат на преговарачка маса со Погба и ќе му понудат нов, богат договор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер и раководството на „црвените ѓаволи“ ја испитуваат можноста за преговори за нов договор. Тековниот договор на Погба истекува за 2 години, со клаузула, исто така, истиот да продолжи за уште една сезона.

Манчестер Jунајтед е подготвен да му понуди зголемување на личните примања од 300 илјади фунти неделно на 400.000, но голема мера тоа ќе зависи од неговиот агент Мино Раиола.

Раиола беше еден од главните актери во летната сага, откако се обиде да најде начин за трансфер на Погба во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хит напаѓачот на Реал дозна каква иднина го чека. Одлуката е донесена.

РЕАЛ МАДРИД ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство, а за тоа големи заслуг…