Навивачите на „црвените ѓаволи“ судејќи според стартот ги чека уште една турбулентна сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Играчите на Оле Гунар Солскјер на најдобар можен начин ја стартуваа сезона победувајќи го Челзи со 4:0. Тогаш изгледаше дека ќе гледаме некој нов подобар Јунајтед, но демантот стигна во наредните кола.
Веќе во второто коло следуваше шок и тоа на „Олд Трафорд“. Јунајтед го дочека Кристал Палас кој ги шокираше и ги победи со 2:1. Во тој натпревар длабоко во судиското продолжение гол постигна Ван Анхолт. Ниту во наредниот натпревар не успеаа „ѓаволите“ да слават, против Саутемптон одиграа 1:1.
После ваквите резултати навивачите го критикуваа Оле Гунар Солскјер. Меѓутоа Солскјер може да пронајде алиби во еден податок. Имено, Манчестер Јунајтед е тимот со најмладиот стартен состав во првите четири кола со просек од 24 години и 312 дена.
