Дома Фудбал Англија Санчез: Не жалам за трансферот во Манчестер Јунајтед!

Санчез: Не жалам за трансферот во Манчестер Јунајтед!

Со заминувањето на Мауро Икарди во ПСЖ, дресот со бројот 7 остана слободен, па на крајот заврши кај засилвуање од Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.

Чилеанецот во текот на поголемиот дел од кариерата го носеше токму овој број, па во Интер се надеваат дека овој број ќе му донесе среќа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Санчез иако призна дека доаѓа во Интер да ја спаси кариерата, сепак тврди дека не жали за неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед, каде не се снајде најдобро.

„Среќен сум што се преселив во Манчестер Јунајтед. Секогаш сум го кажувал тоа, тој е најтрофејниот клуб во Англија. Кога пристигна понудата од Јунајтед веднаш ја прифатив. Сакав да одам на Олд Трафорд и да освојувам трофеи. Не жалам за тоа воопшто“, изјави Санчез.

„Ако ме оставеа да играм цели натпревари, сигурно ќе успеев. Некогаш играв 60 минути, а потоа следниот натпревар бев на клупата и немав поим зошто“, додаде Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус не запира: Речиси договори уште едно засилување!

Постои голем изглед дека Јувентус, по Џонатан Дејвид, е на прагот на склучување договор со…