Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез веќе пет месеци игра со скршен зглоб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На него пред пет месеци му настрада зглобот на раката во натпреварот против Челзи, но одличниот мексикански напаѓач не помисли да паузира поради тоа.
Повредата ја потврди менаџерот на Вулвс, Нуно Еспирито Санто, меѓутоа Раул едноставно нема намера да застане.
„Има проблеми со зглобот. Дали го скрши? Да, пред пет месеци. Мора да биде вниманателен и максимално да се заштити“, истакна Еспирито Санто.
Хименез вечерва ќе биде во стартниот тим на Вулвс во реванш натпреварот за пласман во Лигата на Европа, англискиот тим од првиот натпревар има предност од 3:2.