Додека Интер подготвува нова понуда и се обидува со сите сили да го комплетира трансферот на Лукаку, „нероаѕурите“ добија сериозна конкуренција и тоа во името на Јувентус.
Познато е дека Лукаку е примарна цел на Интер ова лето, но „нероаѕурите“ никако не можат да најдат заеднички јазик со Манчестер Јунајтед. Првата понуда беше одбиена, а сега Интер спрема втора понуда која ќе изнесува 70 милиони евра плус бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но сега „Скај Спорт“ тврди дека Јувентус е подготвен да се вмеша и да ги „минира“ амбициите на Интер.
Имено, Јувентус планира да го понуди Пауло Дибала на Манчестер Јунајтед во замена за Ромелу Лукаку. „Црвените ѓаволи“ го посакуваат аргентинскиот фудбалер, меѓутоа се уште не е познато дали самиот Дибала би се согласил на ваков трансфер.
Јувентус на овој начин сака да го реши проблемот со Дибала, кој сака да си замине, а во исто време да му нанесе голем удар на најголемиот ривал.
BREAKING: Juventus are preparing an offer for Manchester United striker Romelu Lukaku and are willing to include Paulo Dybala as part of the deal, according to Sky Sources
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 26, 2019