Јувентус и Тотенхем одиграа спектакуларен меч во Сингапур кој на крајот го добија „спарси“ со 3:2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот го обележа спектакуларниот гол на Хари Кејн од центар во последната минута, кој го засени дебито на Матијас де Лихт.
„Спарси“ поведоа по половина час игра кога Матуиди лошо врати една топка и отвори контра на противникот. Буфон го одбрани ударот на Пароу, но прв до одбиената топка стигна Ламела и погоди за водство на Тотнем.
Игуаин во 56-та минута погоди за израмнување, а Роналдо четири минути подоцна го донесе Јувентус во водство од 2-1.
Тотенхем сепак брзо се врати, Лукас одлично се снајде по едно додавање на Ндомбеле и изедначи на 2-2. И кога се чинеше дека пенали ќе го решат победникот, во последната минута од мечот, Рабио изгуби топка на средината од теренот, а Кејн од центар го лобуваше Шчешни.
https://youtu.be/ndDxLAvaSUo