Познатиот италијански тренер, Карло Анчелоти ги состави најдобрите 11 играчи кои ги тренирал во текот на својата богата кариера.
Со оглед на неговата репутација и клубовите кои ги водеше, немаше ниту малку лесна задача, но Анчелоти на крајот сепак го состави составот од најдобри играчи со кои соработувал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е дека дури осум играчи се од Милан, што и не чуди, со оглед на тоа што најдобрите резултати на почетокот на 2000. години ги оствари токму на „Сан Сиро“, каде што освои две Скудета и две титули во Лигата на Шампионите.
Освен Милан, ги водеше Парма, Јувентус, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн и Наполи. Искористи уште играчи од Парма и Реал Мадрид (2), а за останатите немаше место.
Еве тоа како изгледа сликовито: