Дома Фудбал Останато Роналдо: Меси е најдобар играч во светот, но веднаш по мене

Роналдо: Меси е најдобар играч во светот, но веднаш по мене

Минатиoт викенд, Меси одигра неверојатен натпревар против Бетис во кој Барселона победи со 4:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси овој натпревар го заврши со три гола и не се знае кој гол беше подобар. На крајот Аргентинецот доби аплауз од целиот стадион на Бетис, што доволно зборува за тоа каков натпревар одигра.

Англискиот „Daily Express“ објави дека Роналдо на своите пријатели им го коментирал натпреварот помеѓу Барселона и Бетис и дека признал дека ги гледал мајсториите на Меси. Наводно, тој на пријателите им рекол дека особено му се допаднал третиот гол на Меси, но потоа јасно дал до знаење дека и покрај се тој е најдобриот играч во светот.

„Го видов хет-трикот на Меси против Бетис. Тој беше одличен, а особено третиот гол се издвојува и е неверојатен. Меси е најдобар играч во светот но веднаш по мене“, наводно им рекол Роналдо на своите пријатели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светското првенство 2026. го постави новиот рекорд. Најпосетено во историјата

СВЕТСКОТО првенство во фудбал кое се одржува во САД, Мексико и Канада, влезе во историјата…