За заминувањето на Иван Ракитиќ од Барселона се шпекулира со месеци и изгледа дека и самиот хрватски репрезентативец е свесен дека следната сезона нема да има место во каталонскиот клуб.
Барселона го купи Френки де Јонг кој на крајот од сезоната ќе пристигне од Ајакс и јасно дека овој клуб ќе продаде некој од своите играчи за врска. Во Шпанија се сигурни дека тоа ќе биде Ракитиќ иако овој играч во последно време игра во навистина одлична форма.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Мундо Депротиво“ дури обајви дека и Ракитиќ е свесен дека клубот ќе го продаде и дека веќе одамна е во контакт со Интер. Наводно, овој играч за врска ги договорил условите со италијанскиот клуб и сега го чека крајот од сезоната за се да реализира.
Меѓутоа, се појави и голем проблем за Интер, бидејќи Ернесто Валверде им кажал на управата на клубот дека не е паметно да се продаде Ракитиќ кој е важен дел од неговата екипа. Тоа Ракитиќ го покажа во претходните неколку натпревари и даде до знаење дека може да помогне на Барселона и во иднина. Валверде сака Ракитиќ да остане, иако во клубот не се за таа идеја.
Доколку Валверде усепе да го убеди и да го предомисли, тогаш Барса ќе биде принудена да продаде некој од другите играчи за врска, а сите мислат дека тоа би можел да биде Кутињо.