Дома Трансфер зона Договорот е блиску: Барса конечно ја продава „промашената инвестиција“

Договорот е блиску: Барса конечно ја продава „промашената инвестиција“

Раководството на Барселона е пред разделба со португалскиот играч за врска Андре Гомеш, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Португалец игра како позајмен фудбалер во Евертон за 2,5 милиони евра, асега „краламелите“ сакаат да го откупат и на Барселона и нудат сума помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Гомеш пристигна на „Камп Ноу“ како големо засилување за 35 милиони евра од Валенсија, но никогаш не ги оправда очекувањата и важи за „промашена инвестиција“ на Каталонците.

Гомеш се претвори во еден од најомразените играчи на Барса и често беше исвиркуван од страна на фановите, па клубот од „Камп Ноу“ сакаше што побрзо да се раздели од него.

Се очекува целиот негов трансфер во Евертон да изнесува 30 милиони евра, со што Барса ќе ја поврати готово целата инвестиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…