Ждрепката сакаше во полуфиналето од шпанскиот куп да гледаме „Ел Класико“!
Актуелниот игра променливо откако Сантијаго Солари седна на клупата и натпреварот од Барселона ќе биде вистински тест за неговите избраниците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во полуфиналето како и во претходната рунда се играат два натпревари па тоа за сите фудбалски фанови значи и вистинско уживање со оглед на тоа дека ќе имаме можност да гледаме две „Ел Класика“ во краток период.
Второто полуфинале кое е во втор план поради најголемото шпанско дерби го сочинуваат Валенсија и Бетис. Доколку Бетис успее да ја елиминира Валенсија ќе биде „домаќин“ финалето бидејќи финалниот натпревар оваа година ќе се игра на нивниот „Бенито Виљамарин“.
Првите полуфинални натпревари се играат на 6-ти феврувари (домаќини Барселона и Бетис), додека реваншите се закажани за 27-ми.