Македонија вчера после голема борба доживеа пораз од Исланд и со тоа не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 12 репрезентации на Светското првенство.
Одново игравме одлично прво полувреме, а потоа паднавме во второто, а Столе Стоилов се обиде да посочи зошто доаѓало до пад во играта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурно дека сме разочарани, кога се ќе се погледне одигравме добар натпревар. Ракомет се игра 60 минути, а не едно полувреме, така не се победува ривал како Исланд. Не може да играме добро само кога Кире може да промени нешто, така не се игра на Светското првенство. На таа брза страна со Кире можеме да играме со секого, но на другата каде што го нема имаме проблеми и не успеавме да ги надминеме. Тоа е што е, имавме шанса да се вратиме но не ја искористивме, Исланд заслужено победи“, изјави Стоилов.
Македонија сега утре од 13:00 часот игра против Русија во разигрувањето од 13-тата до 16-тата позиција.