Дома Фудбал Валверде ја потврди разделбата со напаѓачот

Валверде ја потврди разделбата со напаѓачот

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде потврди дека Мунир Ел Хадади е на излезна врата од „Камп Ноу“.

Шпанецот со марокански корени има договор со Каталонците до крајот на сезоната и со сигурност ќе ја промени средината.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Изгледа дека Мунир донел одлука, а и клубот исто така. Сакаме што побрзо да се затвори прашањето. Ако може да се реши во зимскиот преоден рок, најдобро“, изјави Валверде.

Валверде не криеше дека Меси и Суарез може да добијат одмор за утрешниот меч во Купот.

„Постои можност да одмараат, но се уште немам донесено конечна одлука. Тимот е во добра состојба, нашата цел е да одиме напред во Купот. Не сакаме да се откажеме од ништо“, заклучи тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…