Дома Македонски спорт Мак ракомет Готово: Вардар и официјално е четвртфиналист!

Готово: Вардар и официјално е четвртфиналист!

Екипата на Рајн Некар синоќа го загуби натпреварот од 14.то последно коло од групата Б во ракометната Лига на шампионите од ПИК Сегед со 30:24 на домашен терен. По овој резултат македонскиот првак Вардар е прв на табелата и е сигурен четвртфиналист.

Поради триумфот на Сегед, Вардар и да загуби во последното коло, нема да има промени на табелата. Но, секако триумфот пред домашната публика е императив, поради поразот кај Мешков Брест минатото коло.

Единствено Киелце е со натпревар помалку и има шанса да стигне до ист број на бодови со Вардар, дотолку „црвено-црните“ загубат од Кристијанштад. Во тој случај, повторно Вардар ќе остане на првото место, бидејќи имаат подобра меѓусебна статистика со Киелце (40:34 во Скопје, 27:24 на гостувањето во Киелце).

Последниот натпревар на Вардар против Кристијанштад од групната фаза во ЛЕ се игра на 12-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…