Дома Фудбал Италија Каде исчезна 17 годишниот „пензионер“ од Лацио кој преку ноќ стана светски хит?

Каде исчезна 17 годишниот „пензионер“ од Лацио кој преку ноќ стана светски хит?

Joзеф Минала е фудбалерот кој пред пет години беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност бидејќи никој не веруваше дека овој фудбалер на Лацио има само 17 години.

Минала преку ноќ стана хит во светот, но не поради своите игри туку поради својот изглед. Овој Камерунец тврдеше дека има само 17 години, а изгледаше како некој кој веќе е во заслужена пензија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лацио тогаш објави дека е точно дека Минала има 17 години и дека имаат докази за тоа. Иако се очекуваше да го задржи за големата сцена тоа не се случи. Минала во Серија А одигра само три натпревари и никогаш не доби шанса во Лацио.

Во претходните пет години беше на позајмици, но веќе неколку месеци никој не знае каде се наоѓа. Минала минатото лето според податоците се вратил на позајмица од Салеритана, но од тогаш од него нема ни трага, ни глас.

Официјално е фудбалер на Лацио, но не е познато дали тренира со екипата или одново е испратен на некој позајмица.

Покрај Салеритана настапуваше за Бари, во Серија Б одигра 74 натпревари постигна осум голови и запиша четири асистенции. Според документите тој денес има 22 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…