Дома Фудбал Херојот на Интер за финале во Лигата на шампионите ќе игра за Лацио!

Херојот на Интер за финале во Лигата на шампионите ќе игра за Лацио!

Се е решено, Интер и Лацио постигнаа договор околу преминот на Давиде Фратези, кој ќе игра во Рим во следниот период.

Станува збор за едногодишна позајмица, со можност за откуп. Лацио за оваа позајмица ќе плати еден милион евра, а на крајот на сезоната има можност да го откупи договорот за дополнителни 14 милиони евра.

Доколку се реализира овој трансфер, Интер ќе има право на 50% од следната продажба. Фратези стигна во Интер за вкупно 31 милион евра. Пет милиони беа дадени за едногодишна позајмица, а во 2024 година договорот беше откупен за 26 милиони евра од Сасуоло.

Фратези во трите сезони во Интер одигра 122 натпревари и постигна 15 голови. Највпечатливиот негов момент во сино-црниот дрес беше во сезоната 2024/25. кога во полуфиналето на Лигата на шампионите ја донесе победата со гол во 99-та минута против Барселона, со што Интер се пласира во финале.

Во Лацио ќе се обиде да постигне двоцифрен број голови во сезоната.

Фото: Inter.fc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…