Дома Трансфер зона Талентираниот Бразилец го чинеше Реал цели 60 милиони евра!

Талентираниот Бразилец го чинеше Реал цели 60 милиони евра!

Реал Мадрид минатото лето го купи бразилскиот талент Винисиус Јуниор од Фламенго. Се претпоставуваше дека сумата која ја платија „кралевите“ за неговиот потпис изнесува 45 милиони евра, но сега пристигнаа други информации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Винисиус остана една година на позајмица во Фламенго, имаше опција да остане уште една година па дури наредното лето да се пресели во Мадрид, но тој одлучи дека е подобро што е можно побрзо да го облече дресот на Реал.

Лопетеги не му даваше шанса, па Бразилецот мораше да игра за вториот тим, каде практично доминираше во секој натпревар и ја покажа својата класа.

Најпрво се претпоставуваше дека Реал за неговиот потпис платил 45 милиони евра, но бразилските медиуми тврдат дека трансферот чинел точно 61 милион евра.

Имено, покрај споменатите 45 милиони, Реал платил 8 милиони евра на посредниците кои го договарале трансферот, а наводно 8 милиони евра добило и семејството на Винисиус кое поседуваше одреден процен од неговите права.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…