Дома Фудбал Останато Мбапе вчера беше резерва во ПСЖ, откриено и зошто Тухел донел таква одлука

Мбапе вчера беше резерва во ПСЖ, откриено и зошто Тухел донел таква одлука

ПСЖ вчера во 11-тото коло во Лига 1 без поголеми проблеми го совлада Марсеј со 2:0 со што го задржа максималниот учинок во првенството.

Иако победата над лутиот ривал е секако важна за „светците“, една работа која се случила пред натпреварот фрли мала дамка на нивната перфекција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот на ПСЖ ги изостави од стартните 11 Килијан Мбапе и Адриен Рабио, а после натпреварот откри и зошто го направил тоа.

„Тоа се дисциплински мерки и мала казна, станува збор за ситуација која се случи пред натпреварот“, кратко порача германскиот тренер.

Подоцна новинарите на „Канал +“ успеаа да дојдат до информации дека двоецот бил изоставен поради доцнење и тоа не им било прв пат.

Мбапе во игра влезе во 62-тата минута, а само три минути подоцна постигна гол за водство, а Рабио доби шанса во 79-тата минута кога го замени Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Египет со гол на Салах се спаси од бламажа против 129. репрезентација на светот (ВИДЕО)

Мохамед Салах го извлече Египет на отворањето на Африканскиот куп на нации. Ѕвездата на Ли…