Дома Македонски спорт Македонија со 8 атлетичари на Балканското првенство!

Македонија со 8 атлетичари на Балканското првенство!

Балканското првенство во атлетика во сала ќе се одржи в сабота во Белград, Србија, а македонската репрезентација ќе настапи со осум натпреварувачи.

Балканското првенство во атлетика ќе се одижи во Белградската арената и ќе биде увертира за Европското првенство во сала кое од 3 до 5 март исто така ќе се одржи во Белград.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Македонија на Балканското првенство ќе ја преставуваат Јана Митовска (Работнички), Дрита Ислами (Работнички), Сашо Голубиќ (Пролет) и Александар Таневски (Работнички) во дисциплината 60 метри, Катерина Тимчевска (Куманово) на 400 метри, Рената Соколовска (Делта) на 800 метри, Дарио Ивановски (Работнички) на 3.000 метри, Бесијана Мустафа (Лириа) скок во височина, Мартина Мироска (Охрид) и Александар Таневски (Работнички) скок во далечина, Јана Митовска, Дрита Ислами, Катерина Тиммчевска, Кристина Јосифовска во дисциплината 4×400 метри.

Организаторот, Атлетскиот сојуз на Србија, соопшти дека на Балканското првенство ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи од 16 држави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…