Пред дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус дефанзивецот на „старата дама“, Бонучи особено го пофали својот поранешен соиграч Пол Погба.
Бонучи се радува на новата средба со Погба и нема дилема дека тој е еден од најдобрите играчи за врска во светот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Разговарав со Погба пред седум дена и му реков да не чека во Манчестер. Ќе ми биде многу драго да го видам повторно, но ќе мора да бидеме внимателни бидејќи нема да биде лесен натпревар“, истакна Бонучи.
„Погба е еден од најдобрите играчи за врска во светот заедно со Модриќ и Пјаниќ. Играв со него и ги знам неговите квалитети. Му посакувам се најдобро, но не на утрешниот натпревар. Утре сакам да го победам“, заклули Италијанециот.
Бонучи потоа откри дека ова лето имал понуда од Манчестер Јунајтед, но ја одбил за да се пресели во Јувентус.