Дома Фудбал Англија Мурињо покрена истрага – Го бара шпиунот во соблекувалната

Мурињо покрена истрага – Го бара шпиунот во соблекувалната

mou sari

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ремизираа минатиот викенд на гостувањето против Челзи (2:2) во дербито од деветтото коло во англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ со головите на Ентони Марсијал направија пресврт на 2:1 во второто полувреме и беа на чекор до победа, но потоа во петтата минута од судиското продолжение, Рос Баркли постигна гол за 2:2. Во центарот на вниманието на овој натпревар беше Жозе Мурињо кој сакаше да се тепа со еден од членовите на стучниот штаб на „Сините“, бидејќи беше видно испровоциран.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, обезбедувањето на стадионот брзо реагираше и спречи голем инцидент, но англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот стратег би можел да добие суспензија. Но, изгледа дека тоа на Мурињо не му е најголем проблем, бидејќи е разочаран од состојбата во соблекувалната, односно открил дека има шпиун.

Како што пренесува „Mirror“, Мурињо одлучил да започне истрага што се однесува на играчите и членовите на стучниот штаб, бидејќи некој го открил почетиниот состав на екипата пред натпреварот. Португалецот дознал дека Сари неколку часа пред натпреварот го дознал составот на Јунајтед и заклучил дека некој ги дал информациите од соблекувалната на Јунајтед.

Она што најмногу го налутило Мурињо е дека составот за натпреварот на „Сините“ го нашол на социјалните мрежи во саботата наутро. Доколку дознае кој ги открил информациите од соблекувалната сигурно дека ќе се одлучи за жестока казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …