Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал ова лето пристигна од Барселона како големо засилување од Баерн.
Каталонскиот клуб одлучи да го засили средниот ред оваа сезона и доведоа неколку навистина звучни засилувања. Едно од нив беше Видал за кого се веруваше дека ќе има важна улога во играта на каталонскиот клуб, но овој момент е далеку од очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повеќе не е тајна дека Чилеанецот не е најдобри односи со Ернесто Валверде, а откако јасно го покажа незадоволството поради минутажата ситуацијата само се влоши.
Претходните три натпревари Видал ги помина на клупата за резерви, а разочараувањето беше видливо и во вчерашниот натпревар против Севиља.
Додека навивачите и играчите на Барселона ја славеа победата во дербито, Видал остана на клупата да седи со „празен“ поглед во очите. Доколку нешто не се промени во наредните недели тогаш нема да биде изненадување ако Видал во јануари експресно го напушти „Камп Ноу“.