Поради повредата на раката Лионел Меси неколку недели ќе биде надвор од терените, па нема да биде во можност да настапи во натпреварот против лутиот ривал Реал Мадрид.
Меси прво ќе го пропушти Интер во среда во натпреварот од Лигата на шампионите, па и неделното „Ел Класико“. Ова значи дека за прв пат од поодамна „Ел Класико“ нема да привлекува внимание како во претходните години поради тоа што во него ќе ги нема Меси и Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До неодамна навистина незамисливо изгледаше натпреварот помеѓу двата шпански гиганти да се одигра без Меси и Роналдо. Знаете ли кога последен пат се случило такво нешто?
Пред 11 години.
Меси во последните 14 години пропушти само два натпревари против Реал, а ниту еднаш Барса не го победила Реал кога во тимот го немало Меси (од кога Меси е член на Барса).
Иначе, Меси со 26 голови е најдобриот стрелец во историјата на „Ел Класико“, зад него се Ди Стефано и Роналдо со по 18 погодоци.