Бундеслигашката сензација, екипата на Лајпциг на добар пат е да избори директен пласман во Лигата на шампионите, но иако тимот тоа може да го избори со своите игри на теренот, УЕФА нема да му дозволи да игра во елитното натпреварување.
Наместо бајка фудбалерите на Лајпциг најверојатно ќе доживеат кошмар, откако УЕФА испрати соопштение дека нема да дозволи два клуба со ист сопственик да играат во Лигата на шампионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, Лајпциг е во сопственост на Ред Бул, компанија која го поседува и австрискиот клуб Салзбург.
„Salzburger Nachtrichten“ пишува дека УЕФА ги известила клубовите за правилата кои ги применува, додека германскиот „Sport 1“ пренесе дека сосптвеникот ќе го избере Салзбург да игра во најсилното европско натпреварување бидејќи има подобар пласман во националното првенство и има подобар европски коефициент.