Дома Фудбал Англија Марсијал донесе конечна одлука за својата иднина!

Марсијал донесе конечна одлука за својата иднина!

Како што пренесува францускиот „RMC Sport“, Ентони Марсиајл одбил неколку понуди на Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Управата на клубот од „Олд Трафорд“ на сите начини се обидува да го задржи, но поранешниот играч на Монако по секоја цена сака да ја промени средината следното лето. Сепак, Јунајтед не сака да се откаже и нема да се откаже од обидите со новиот договор да го задржат многу подолго во своите редови.

Неговиот актуелен договор со клубот му истекува на крајот на сезоната, но Јунајтед има опција да ја продолжи соработката на уште една година. Во клубот сакаат да не ја искористат споменатата можност и со Марсијал да потпишат на долга патека, но ако денот се познава по утрото, тоа ќе биде речиси невозможна мисија за управата на „Ѓаволите“.

Потсетуваме дека нов договор со клубот потпиша Лук Шо, а покрај Марсијал, уште девет играчи би можеле да го напуштат клубот на крајот на сезоната поради истекот на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…