Настапот на Немања Матиќ во претстојното дерби помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед е под знак прашалник, пишуваат британските медиуми.
Како што пренесува угледниот „Sky Sports“, одличниот играч за врска и понатаму има проблеми со грбот и неизвесно е дали ќе се најде во составот на Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“, што секако му создава главоболка на Жозе Мурињо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Матиќ е под терапија и медицинскиот тим прави се само за да го врати за дербито, но до последниот ден, веројатно, нема да се знае дали ќе може да настапи или не. Поради повреда Матиќ беше принуден и да не настапи за репрезентацијата на Србија, односно на натпреварите против Црна Гора и Романија.
Челзи и Манчестер Јунајтед, потсетуваме, ќе се ретнат во сабота од 13:30 часот на „Стемфорд Бриџ“.