Англиските медиуми пишуваат дека Лук Шо ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.
Овој млад дефанзивец за „Црвените ѓаволи“ настапува од 2013. година. Во почетокот имаше големи проблеми со повредата и формата, но оваа сезона Жозе Мурињо максимално му верува, па затоа и не е изненадување од преговорите за нов договор.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Сегашниот договор на Шо му важи до крајот на сезоната, а управата на клубот, како што пренесуваат англиските медиуми, му понудила нов, со значително подобри услови и наводно двете страни се блиску до постигнување на договорот.
Шо оваа сезона одигра седум натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол со една аситенција. Пред Манчестер Јунајтед, потсетуваме, играше за Саутемптон.