Ракометарите на Вардар со победа го минаа тешкото гостување кај ПИК Сегед во 11-то коло во Лигата на шампионите и слевеа со 23:21.
Вардар не блескаше, не успеваше да го најде вистинскиот ритам во нападот, но благодарение на Арпад Шетрбик кој блескаше на голот и луцидноста на Тимур Дибиров во финишот на мечот, успеа да извлече тешка, но заслужена победа кај ПИК Сегед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете лоши серии без постигнат гол можеа да го однесат Вардар и во пораз. Првата во првото полувреме, кога на противникот му дозволија да се врати од негативата 6:9, а втората во второто полувреме, кога десетте минути без постигнат гол му овозможија на ПИК Сегед серија 5:0 и водство 16:14.
Сепак Вардар на крилјата на брилијантниот Штербик во последните 10 минути направи серија 2:5, а до победата стигна со голот на Дибиров кој најпрвин пресечќ напад во последната минута, а потоа го совлада Сијера.
Арпад Штербик го предводеше Вардар со 14 интервенции, а најефикасни беа Карачиќ со шест и Дибиров со пет голови.
Вардар со оваа победа ја задржа првата позиција на табелата во Б групата со 16 бодови. Макеоднскиот шампион во наредното коло ќе го пречека Цеље на 25.февруари.