Легендарниот голман на „Црвената Фурија“ последен пат голот на Шпанија го бранеше во 2016 година и тоа против Северна Кореја.
Помеѓу фудбалските фанови позната е фразата – формата е променлива, но класата вечна. Сега Икер Касиљас брани во одлична форма! Легендарниот Икер доживува втора младост на голот на Порто и сето тоа би можело да доведе до негово враќање на голот на Шпанците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Такво нешто најавува мадритски „Ас“, кој открива дека селекторот на Шпанија, Луис Енрике го контактирал 37 годишниот голман и изразил желба повторно да го види помеѓу стативите на националниот тим каде што го немаше две години.
Икер е рекордер на Шпанија по бројот на настапи (167), последниот настап го забележа против Северна Кореја (6:1) во завршната фаза од припремите за Европското првенство во Франција.
Оваа сезона блеска на голот на Порто, прими само шест голови, мрежата му е недопрена веќе три во низа. Беше херој во победата над Галатасарај во Лигата на шампионите (1:0).
Конкуренцијата на голот на Шпанија е жестока. Енрике за натпреварите со Велс и Англија ги повика Де Геа, Кепа и Пау Лопез, а кога и дали Касиљас ќе биде повторно дел од националниот тим останува времето да покаже.