Јувентус одлучи јавно да му пружи поддршка на својот фудбалер, Кристиано Роналдо кои овие денови поминува низ турбулентен животен период.
Како што е веќе познато, Роналдо е обвинет за силување на Кетрин Мајорга кое наводно се случило пред девет години, но таа приказна дури сега се актуелизираше.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Тогашната американската студентка поднесе тужба против Португалецот, а сега во негова заштита застана неговиот клуб Јувентус кој на Твитер испрати порака која наиде и на осудување од многумина.
„Роналдо во изминатите месеци покажа голем професионализам и посветеност, која е цената од сите во Јувентус. Работите кои се случиле пред скоро десет години не го менуваат нашето мислење кое го делат сите кои имале контакт со овој голем шампион“, гласи пораката на Јувентус на оваа тема.
Многумина сметаат дека Јувентус со оваа порака на одреден начин порачал дека не го интересира што се случило пред скоро десет години, па дури и да се работи за тешки злосторства, во овој случај силување.