Дома Фудбал Останато Ако тешките обвинувања од Мајорга се потврдат на Роналдо му се заканува – доживотна казна затвор!?

Ако тешките обвинувања од Мајорга се потврдат на Роналдо му се заканува – доживотна казна затвор!?

ronaldo

Откако германскиот „Шпигел“ пред неколку дена ја актуелизираше повторно наводната случка од 2009 година излегувајќи со изјава на Кетрин Мајорга која детално го објаснува грозоморниот чин кој и го извршил Кристиано Роналдо оваа тема е број еден во светските медиуми.

Според германскиот медиум, Мајрога тогаш пријфатила сума од 375.000 евра за да молчи и да не зборува јавно за тоа што се случило помеѓу нејзе и славниот фудбалер годината кога Роналдо го реализираше трансферот во Реал Мадрид вреден 94 милиони евра.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Но, сега таа одлучи повторно јавно да зборува и поради тоа целиот процес заврши кај судот во Невада. Според законите во Невада иако случајот е направен пред неполна деценија тој не застарува и казната со која се соочуваат обвинетите е – доживотна казна затвор. Со услов после 10 години да излезе на условна слобода.

„Парите кои ги добив јас ги искористив за лекување. Дали навистина јас требаше да плаќам за тоа што ми се случи?! Па, тој ме силуваше!“, гласела изјавата на Мајорга откако добила прашање зошто не зборувала досега во медиумите, тврдејќи дека била исплашена поради неговото име.

За медиумите сега зборуваше и мајката на Кетрин.

„Моето девојче секој ден живее со тоа што тој и го направи. Се вознемируваше само што гледа негова слика. Во тие моменти ми се јавуваше плачејќи, едноставно се рапаѓаше“, изјави нејзината мајка Шерил Мајорга.

Од друга страна пак Роналдо ваквите обвинување остро ги демантираше тврдејќи дека некои луѓе ја користат неговата слава за да станат познати во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид за Мбапе побарал помош од Зидан

Реал Мадрид се соочува со многу проблеми оваа сезона, но најмногу се истакнува ситуацијата…