Дома Фудбал Останато ПАТОТ КОН БОГАТСТВОТО НА РАИОЛА: Уште една ѕвезда под негова заштита сака да ја продаде за 200 милиони!

ПАТОТ КОН БОГАТСТВОТО НА РАИОЛА: Уште една ѕвезда под негова заштита сака да ја продаде за 200 милиони!

Италијанскиот фудбалер, Лоренцо Инсиње во јуни ќе стане нов клиент на суперагентот Мино Раиола.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Инсиње, наводно, ќе ја прифати поканата на Раиола и овој познат агент ќе работи со кариерата на фудбалерот на Наполи, а претходно веќе работеше големи работи за Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели и Џиџи Донарума.

Раиола во Инсиње гледа одличен потенцијал да направи голема работа. Раиола често ги работи трансферите на своите играчи од клуб во клуб и поради тоа не го сакаат ниту клубовите ниту навивачите, но она што е сигурно – на тие трансфери заработува клиентот, самиот Раиола, клубот кој продава/купува „производ“.

Инсиње сега е во рацете на Раиола, а потоа, според пишувањата на „Corriere dello Sport“, ќе биде отворен неговиот пат кон ѕвездите. Манчестер Јунајтед или Јувентус би можеле да бидат неговата следна дестинација, а Раиола смета дека овој играч би можел да достигне вредност од 200 милиони евра.

Инсиње е дете на Наполи и тешко е да се засмили во дрес на некој друг италијански клуб, а прашање е и дали сака да го напушти Неапол. Всушност, дури и ако сака, тешко дека сега ќе избегне таква судбина кога со неговата кариера управува Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Јувентус договори засилување од 40 милиони евра!

Јувентус се подготвува за реорганизација, а нивната најголема потреба е за стабилен и квал…