Дома Фудбал Англија Видео: Фаворитите рутински, Мурињо пак се „лизна“

Видео: Фаворитите рутински, Мурињо пак се „лизна“

Ливерпул и Манчестер Сити ја продолжија доминациајата во Премиер лигата и остварија нови победи, а Манчестер Јунајтед одигра само реми против Вулверхемптон.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тимот на Мурињо после ова кола дополнително се оддалечи од врвот откако не успеа да ги победи „волците“ и одигра 1:1 на „Олд Трафорд“.

Во првото полувреме гостите неколку пати спорадично се заканија, но Де Геа го спаси Јунајтед, а потоа јазната стигна преку Фред после прекрасната асистенција на Погба.

Во второто полувреме Мутињо го шокираше „Олд Трафорд“ и израмни на 1:1, а до крајот „црвените ѓаволи“ не успеаа да стигнат до победа иако ја имаа доминацијата и Лукаку промаши една одлична шанса.

Манчестер Сити го демолираше Кардиф со 5:0 на гостувањето, а стрелци на головите беа Марез два, Агуеро, Силва и Гундоган.

Ливерпул се уште е со максимален ефект откако рутински го совлада Саутемптон со 4:0, а важна победа оствари и Лестер кој на домашен терен го совлада Хадерсфилд со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аларм во Мадрид се запали! Мбапе веќе go достигна “црнiot рекорд” од Париз!

Доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид требаше да го означи почетокот на нова ера на до…