Дома Македонски спорт 50 години од првиот “Златен гонг”: Македонија ќе ја претставуваат четворица боксери

50 години од првиот “Златен гонг”: Македонија ќе ја претставуваат четворица боксери

Oд 7-ми до 9-ти ноември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи манифестацијата „Златен Гонг”

-Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става “Златен гонг” на позиција на македонски спортски бренд, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на прес конференција во АМС.

Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата држава: Вели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.

На прес конференцијата свое излагање имаше и секретарот на боксерската федерација Бранко Илиевски, како и селекторот на македонската боречка репрезентација Хесус Сојет.

Манифестацијата ќе се одржи од 07-09 ноември во Спортскиот центар “Борис Трајковски”, со учество на 8 држави.

Нашата репрезентација ќе настапи со четири боксери

Коментари
  • Пандемијата го одложи „Златен Гонг 2020“

    Управниот одбор на боксерската федерација на Македонија, донесе одлука да го одложи одржув…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пандев по хаосот во Џенова за Спортски: Јас сум негативен!

Вечерва излезе веста за хаосот со Ковид-19 во екипата на Џенова. Имено, во Џенова се потвр…