Дома Топ вести Кејн и Халанд на списокот на Гвардиола

Кејн и Халанд на списокот на Гвардиола

Серхио Агуеро на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити па затоа Пеп Гвардиола ќе мора да најде ново решение за нападот.

Агуеро во изминатите 10 години се етаблираше во најдобар стрелец во историјата на клубот, па на Гвардиола нема да му биде лесно да најде замена.

Англиските медиуми го открија списокот на Гвардиола, а најголеми желби се Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Хари Кејн од Тотенхем.

Клубот ќе му даде голем буџет на располагање на Гвардиола, па „граѓаните“ се спремни да потрошат 100 милиони евра за нов напаѓач.

Доколку не успее да реализира еден од овие трансфери како алтернативи се споменуваат Лаутаро Мартинез од Интер и Андре Силва од Ајнтрахт Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…