Дома Македонски спорт 16-годишната Теона Андонова е нова тениска шампионка на Македонија

16-годишната Теона Андонова е нова тениска шампионка на Македонија

16-годишната тенисерка на Југ, Теона Андова е новата шампионка на Македонија откако денеска во финалето ја победи Ива Данева со 2-1 во сетови (46 64 75).

Најголема пречка за двете тенисерки беше топлото време. До шампионската титула Андова стигна откако во полуфиналето и финалето ги победи македонските репрезентативки (Били Џин Кинг куп) Александра Симева и Ива Данева и тоа двете на идентичен начин со пресврт во мечот, откако ќе го загубеше првиот сет, следните два успеваше да ги освои и да триумфира.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во полуфиналето Андова, ја победи досегашната шампионка Симева со 2-1 (26 61 64), додека во првиот меч од првенството беше поуспешна од Благица Голубова со 2-0 во сетови (61 62).

За Ива Данева ова беше трето финале во серија (2021, 2022 и 2023) и остана со шампионскта титула од 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Куман објави список од 30 фудбалери на Холандија за Европското првенство

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман го објави списокот на фудб…