Британските боксери Ентони Џошуа (35) и Тајсон Фјури (36) никогаш не успеале да договорат борба која целиот боксерски свет сакаше да ја гледа, но изгледа дека тоа ќе се случи оваа година. Не толку одамна овие сонародници владееја во својата дивизија, но и двајцата беа неуспешни во своите последни настапи.
Џошуа во моментов има 28 победи и четири порази, а Фјури има 34 победи и два порази. Двата порази минатата година му ги нанесе новиот првак Олександр Усик. Евантуалната борба на двајцата Британци не би била за шампионски појас, но сигурно би предизвикала голем интерес.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Ќе видиме, треба да влеземе во рингот. Само Бог знае што ќе се случи, но што се однесува до мене, ќе ја видиме таа борба во иднина. Времето е најважно, времето е ограничено. Затоа јас сакам да работам што повеќе во него. Што се однесува до 2024 година, кога ќе погледнам наназад, верувам дека можев да направам повеќе, а во 2025 година имам шанса за тоа“, вели Џошуа.