Дома Фудбал Лига на шампиони Ќе смеат ли италијанските екипи да гостуваат во Европа?

Ќе смеат ли италијанските екипи да гостуваат во Европа?

УЕФА се соочува со големи проблеми во организирањето на натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Некои натпревари ќе се играат без навивачи, додека ќе се бара нов стадион за дуелот Базел и Ајнтрахт.

Откако италијанската влада вчера ги „затвори“ Апенините и го ограничи движењето, каталонскиот Спорт јобјави можностада не се игра натпреварот Барселона – Наполи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Следната недела тој натпревар треба да се одигра на Ноу Камп во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите и сè уште не е сигурно дека на фудбалерите на гостинскиот тим ќе им биде дозволено да патуваат.

Сепак, бидејќи само домашните натпревари се паузирани, на тимовите треба да им се овозможи да продолжат да се натпреваруваат на меѓународно ниво.

Сигурно дека УЕФА се праша за нешто. Тешко е да се поверува дека таквата сериозна фудбалска организација ќе овозможи тим да биде спречен да се бори на зелениот терен.

За потсетување, Швајцарците веќе забранија реванш меѓу Базел и Ајнтрахт следниот четврток, па УЕФА ќе мора да бара друго решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…