Дома Фудбал Италија Јувентус ќе заштеди 30 милиони со заминувањето на Погба

Јувентус ќе заштеди 30 милиони со заминувањето на Погба

Пол Погба во март повторно ќе се врати на теренот откако ќе му заврши суспензијата, а како слободен агент ќе може да бара нов клуб.

Погба се врати во Јувентус во 2022 година, а потоа потпиша четиригодишен договор со торинскиот клуб за осум милиони евра по сезона. Откако беше суспендиран, тој не ја добива таа плата, туку добија само 2.000 евра месечно од Јувентус. Тој сака да остане во Јувентус, меѓутоа во клубот имаат други планови.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Јувентус спогодбено ќе го раскине договорот со Французинот и со тоа клубот ќе заштеди околу 30 милиони евра, вклучувајќи ги средствата што треба да му ги исплатат и бонусите кои беа договорени до летото 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Руни му зададе силен удар на Салах: Да сум јас на местото на Слот…

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни смета дека…