
Фудбалскиот клуб Јувентус преговара со одбранбениот играч на Реал Мадрид Антонио Ридигер, кому во јуни му истекува договорот со шпанскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што денес објави „Тутоспорт“, управата на Јувентус веќе ги започна преговорите со германскиот фудбалер, кој на лето ќе биде слободен играч откако договорот со Реал ќе му истече на крајот на јуни.
Тренерот на црно-белите, Лучано Спалети го почитува Ридигер и повторно го посакува во тимот, откако соработуваа во Рома од 2015 до 2017 година.
Јувентус би го довел Ридигер за тригодишен договор вреден од пет до шест милиони евра по сезона.