
Фудбалскиот клуб Јувентус последните сезони е во големи проблеми, пред сè поради долгот што ја оптоварува клупската каса.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пробуваа на долги патеки да работат со Тиаго Мота, но тоа се покажа како лоша одлука.
Игор Тудор исто така се задржа кратко, па наместо него дојде искусниот Лучано Спалети.
Тој го стабилизираше тимот кој се бори за место во Лигата на шампионите.
Јувентус е далеку од старата слава, но сите од Торино тврдaт дека со Спалети во тимот, атмосферата е поинаква и има надеж за да станат како стари.
Затоа во клубот одлучија да потпишат договор со освојувачот на Скудетото со Наполи до 2028 година. Според новиот договор, треба да заработува 6 милиони евра нето годишно.