Дома Фудбал Навивачите на Интер во невидена паника! Титулата може да избега поради денешните вести

Навивачите на Интер во невидена паника! Титулата може да избега поради денешните вести

Голем проблем за Интер е потврден денес! Имено, капитенот Лаутаро Мартинез повторно е повреден.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот по прегледот во миланскиот институт Хуманитас добил дијагноза за полесно мускулно оштетување во пределот на листот на левата нога.

Станува збор за истата нога која претходно ја повреди против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, но на друго место.

Според проценките, Лаутаро ќе биде надвор од теренот најмалку 15 дена. Тоа значи дека нема да игра во неколку важни натпревари на крајот на сезоната.

Сигурно ќе го пропушти дуелот против Комо во првенството, а потоа и натпреварот против Каљари. Нема да биде на располагање ни за реванш натпреварот од Купот на Италија, повторно против Комо.

Во Интер се надеваат дека би можел да биде подготвен за гостувањето кај Торино на 26 април, но засега, тоа е повеќе надеж отколку прогноза!

Ова е нова несреќа за напаѓачот кој дури неодамна се врати на теренот.

По претходната повреда пропушти серија натпревари, вклучувајќи го и оние против Лече, Џенова, Милан, Аталанта и Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби зелено светло од новиот тренер

Челси влегува во сосема нова ера откако е донесена конечната одлука за промена на тренерск…