Дома Фудбал Јувентус за лето подготви две големи засилувања!

Јувентус за лето подготви две големи засилувања!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус веќе работи на доведување нови играчи, а Лучано Спалети, тренерот на “старата дама”, задоволно ги трие рацете.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, тимот од Торино ќе се засили со ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, и извонредниот фудбалер на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд.

На Силва му истекува договорот со „граѓаните“ и е слободен да избере нова средина, додека според пишувањата на Газета дело спорт, Јувентус подготви 50 милиони евра за Гринвуд.

Португалецот оваа сезона за Манчестер Сити одигра 41 натпревар, постигна три гола и запиша пет асистенции, додека Гринвуд во дресот на клубот од француското пристаниште на 38 натпревари постигна 25 гола со осум асистенции. Сезона од соништата за Англичанецот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…