Дома Фудбал Беше на фудбалскиот врв, а потоа доживеа инфаркт и тежок развод: Веќе не уживам во животот!

Беше на фудбалскиот врв, а потоа доживеа инфаркт и тежок развод: Веќе не уживам во животот!

Поранешниот шпански фудбалер Икер Касилјас без сомнение е еден од најдобрите голмани во поновата историја, но наместо да ги собере плодовите од извонредната кариера, овој славен Реал Мадрид голман проживуваше вистинска животна драма. Касилјас својата славна кариера ја заврши на тажен начин, бидејќи се пензионираше поради последиците од тежок срцев удар на тренинг со Порто, а потоа го напушти неговата сопруга Сара Карбонеро.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во Реал Мадрид помина дури 16 години, стана клупска икона и за тоа време одигра 725 натпревари, потоа во пет сезони со Порто 167 пати ја чуваше мрежата на португалскиот великан, но следуваа тешки моменти. По 11 години ја прекина врската со Сара Карбонеро, што, се разбира, му беше тешко. Нивниот бакнеж на Светското првенство 2010 во Јужна Африка го обиколи светот, но таа љубовна приказна неславно заврши.

– Не спијам редовно. Сакам да изгледам како да сум добро, но не можам да уживам во животот. Слушам стари песни, но веќе не можам да сонувам – призна Икер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …