Дома Фудбал (ВИДЕО) Ваков автогол досега не сте виделе: Цела планета зборува за потегот на фудбалерот на Порто (Видео)

(ВИДЕО) Ваков автогол досега не сте виделе: Цела планета зборува за потегот на фудбалерот на Порто (Видео)

Фудбалерите на Порто и Нотингем Форест одиграа нерешено во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа (1:1). Во Португалија, домаќините поведоа со 1:0 благодарение на голот на Вилијам Гомес во 11. минута, но гостите израмнија со бизарен автогол на Мартим Фернандеш само две минути подоцна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Десниот бек на Порто сакаше да ја врати топката на својот голман Коста, но не го забележа каде се наоѓа чуварот на мрежата, па неговиот пас заврши во мрежата. За да биде непријатноста поголема – Фернандеш го испрати пасот од половината на теренот, па ова е еден од најбизарните автоголови оваа сезона, а можеби и во историјата на фудбалот.

Несреќниот Фернандеш, ниту пак сите на стадионот, не можеа да поверуваат што видоа, а десниот бек на Порто само шест минути подоцна мораше да ја заврши кошмарната вечер поради повреда.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …