
Кеисуке Хонда, поранешен играч на Милан и јапонската репрезентација, ја продолжува својата кариера само два месеца пред да наполни 40 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Познатиот фудбалер реши да прифати нов предизвик и да потпише за сингапурскиот клуб ФК Јуронг, кој учествува во локалната Премиер лига.
Клубот од Сингапур се одлучи да го искористи огромното искуство на јапонскиот фудбалер, кој последен пат настапуваше за бутанскиот клуб Паро ФК, каде во сезоната 2024/25 имаше два настапи и постигна два гола.
Во кариерата Хонда играше во земји како: Холандија, Русија, Италија, Мексико, Австралија, Бразил и Азербејџан, а ова ќе биде едно ново искуство за него..