Иван Јуриќ само што дојде на клупата на Рома каде што го наследи Даниеле Де Роси се соочува со проблеми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ултрасите на Рома најавуваат дека ќе го бојкотираат натпреварот против Удинезе кој Јуриќ ќе дебитира. Причината е протестот на навивачите против сопствениците на клубот.
Така трибината каде што се најжестоките навивачи на Рома ќе биде празна во првите 30 минути од натпреварот.
„Сакаме да се слушне нашиот глас. Ги повикуваме сите навивачи да се приклучат кон нашиот протест. Ќе бидеме надвор од стадионот во првите 30 минути“, стои во соопштението од римскиот клуб.